Четири показатели дека имате вишок отрови во организмот

Profimedia

Често се будите без енергија, храната што ја јадете ве прави уште поинертни, кафето не ве разбудува… Едноставно не се чувствувате добро? Можно е да имате премногу токсини во телото.

Ова се јасни знаци дека во вашето тело се насобрале многу отрови и дека време е за детоксикација.

Чувството на замор е присутно и по осум часа сон

Колку и да спиете или одморале, имате чувство дека не можете да ги завршите сите обврски што чекаат на вас.

Тоа може да биде знак дека вашето тело црпи премногу енергија за да ги исфрли вишокот токсини.

Запек

Цревата секојдневно примаат токсини од храна и му помагаат на телото да се избори со нив. Кога нашето варeњe не е редовно, сите токсини остануваат во делот на дигестивниот тракт, што има негативно влијание врз целиот организам.

Чувствителност на мириси

Ви пречат сите интензивни мириси, па дури и оние што редовно ги користите? Ако притоа почувствувате и главоболка, речиси е сигурно дека вашиот организам го мачат вишок токсини.

Имате лош здив

Лошиот здив може да настане поради бактерии во устата, но исто така тоа е знак дека цревата и црниот дроб имаат проблем со елиминацијата на отровите од телото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот