Четири пчели извадени од око на пациентка

Принтскрин: YouTube

Докторот Хунг Чи-тинг, офталмолог во болницата на универзитетот „Фоин“ во Тајван, извадил четири мали пчели од левото око на пациентка.

– Под микроскоп, полека ги извадив, една по една – изјави докторот Хунг Чи-тинг.

Тој на прес-конференција рекол дека маките на пациентот започнале кога осетила остра болка во нејзиното лево око додека чистела гробишта на традиционалниот кинески празник наречен Кингминг.

Пациентката помислила дека ѝ влегол песок во окото и пробала да го измие со вода. После неколку часа кога се вратила дома, на нејзиното око се појавил голем оток и солзи.

Кога побарала медицинска помош, д-р Хунг во окото пронашол специфичен вид на пчели кои вообичаено се хранат со полен и нектар, но и со човечка пот и солзи. Овие пчели можат да се најдат насекаде низ светот но многу ретко влегуваат во човечко око.

Д-р Хунг рекол дека операцијата што тој ја извел е најверојатно прва во светот. Кога ги извадил пчелите од окото тие биле сѐ уште живи, а пациентката можела дури и да го изгуби видот.

https://www.youtube.com/watch?v=Z4kQPcMxajI

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот