Четири пациенти ја загубија битката со вирусот во штипската модуларна болница

Штипската клиничка болница /Фото: МИА

 Во штипската модуларна болница во рок од 24 часа починаа четворица пациенти, станува збор за пациенти на возраст од 66 до 89 години од Штип, Кочани и селата Лески и Подареш. Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев вели дека пациентите кои се лекуваат во модуларната болница се со тешка клиничка слика, со воспаленија на двете белодробни крила и со други наоди и болести.

Во моментов во болницата од 38 пациенти, само четворица не се на кислородна поддршка. Во кожното одделение се лекуваат осуммина и тоа се пациенти, кои се стабилизирани и за неколку дена се очекува да заминат дома.

Ѓеорѓијев посочува дека кон крајот на наредната недела се очекува да се стави во функција и Инфективното одделение, во кое се поставува современ противпожарен систем, со рана детекција за пожари и прскалки. Во зградата на Инфективното одделение ќе се лекуваат над 60 пациенти, а во истиот објект се враќа и одделот за Неврологија.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот