Четири нови спортови на ЛОИ 2024

Летните Олимписки игри во 2024 година кои ќе се одржат во Париз ќе добијат четири нови спортови.  Интернационалниот олимписки комитет одлучи во програмата на летни Олимписките игри да ги вметне спортското качување, сурфањето, скејбординг и брејкденс.

– Овие спортови се во духот на „Олимписката агенда 2020“ бидејќи допринесуваат програмата да биде балансирана и урбана. Покрај тоа нудат можност Олимписките игри да се поврзат со младите генерации. Со нивното воведување во програмата, Париз 2024 ќе добие динамичен концепт, фокусиран на инклузивност и инспирирање на нова публика  – изјави Томас Бах, претседателот на Интернационалниот олимпики комитет.

Натпреварувањето во брејкденс за прв пат е организирано на Олимписките игри за млади во Буенос Аирес 2018 година, а златниот медал го освои Сергеј Чернишев од Русија, додека кај девојките победничка беше Раму Каваи од Јапонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот