Четири нови случаи со Ковид-19 во тетовско

Центарот за јавно здравје во Тетово денеска информира за четири нови случаи со Ковид-19 во шест тетовски општини.

-Од четирите нови случаи со Ковид-19, двајца се жители во рамки на општина Тетово, а двајца се од населените места при општина Брвеница, информираше Зорица Зафироска, специјалист по епидемиологија при Центарот за јавно здравје.

Тетовската полиција и натаму ги казнува тие кои не носат маски како начин на задолжителна заштита од пренесување на коронавирусот.

-Во изминатото деноноќие за неносење заштитни маски на 51 човек им се издадени прекршочни платни налози, согласно член 6 од соодветната владина Уредба, соопшти СВР Тетово.

Во текот на изминатите 24 часа има контроли на 245 лица кои имаат решенија за изолација дома од Државниот санитарен и здравствен инспекторат, при што не биле констатирани неправилности околу почитувањето на решенијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот