Четири нови случаи со Ковид-19 во Куманово

Центарот за јавно здравје Куманово во последниве 24 часа евидентира четири лица заболени со Ковид – 19 во таа општина, соопштија денеска надлежните.

– Има нов кластер во кумановско, изјави д-р Ариф Љатифи, директор на Центарот за јавно здравје Куманово.

Извршени се вкупно 22 тестирања, од кои 17 по „МојТермин” и пет контролни брисеви. Според денеска објавените податоци, оздравени се 92 пациенти од Куманово. Од почетокот на епидемијата, досега, во Куманово се дијагностицирани 760 заразени, а активни се 211 случаи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот