Четири најдобри чаеви за слабеење и чистење, популарни во сите детокс програми

Фото: Профимедиа

Чаевите за детоксикација поттикнуваат исфрлање на токсините од телото, а често го забрзуваат и метаболизмот и топењето на масните наслаги. Обично содржат диуретици кои поттикнуваат исфрлање на вишокот течности од телото, а може да имаат и лаксативен ефект, па сосема сигурно ќе помогнат да се чувствувате полетно и полесно. Многу се ефикасни и не се без причина популарни во сите детокс програми, но имајте на ум дека само консумирањето чај нема да ги даде саканите резултати, барем не во мера во која тоа го очекувате. Со консумирањето чаеви за детоксикација сепак ќе мора да повнимавате и на исхраната и да избегнувате намирници кои му штетат на организмот и редовно да пркатикувате некаква физичка активност која ќе ве испоти и така ќе придонесе да чистење на целиот организам. Ако се одлучите да посегнете по чај за да го подобрите процесот на детоксикација на организмот, ова се неколку детокс чаеви кои ги предлагаат нутриционистите.

Чај од глуварче

Мокрењето е еден од начини за излачување на токсините од телото, а коренот од глуварче има диуретско дејство. Чајот од корен од глуварче е одлична помош во чистењето на бубрезите и црниот дроб. Коренот исушете го и исечкајте го (можете да купите и веќе сушен и сечкан во билните аптеки), ставете 3-5 грама во млака вода и варете 10 минути, па процедете. Можете да го пиете трипати на ден, а најдобро е да го пиете половина час пред јадење.

Чај од ѓумбир и куркума

Куркумата, својата репутација како еликсир на здравјето, му ја должи на куркуминот, активна супстанција која ја подобрува работата на ензимите кои поттикнуваат излачување на токсините и содржи антиоксиданти кои ги обновуваат клетките на црниот дроб.

Ѓумбирот е моќен антиоксидант кој ја подобрува функцијата на црниот дроб и е одличен за детоксикација на организмот.

Пиењето чај направен од овие две состојки навечер пред спиење ќе помогне во чистење на телото од токсините. Во литар зовриена вода додадете ѓумбир исечкан на парчиња (парче од околу 5 см) и варете 5 минути, а потоа додадете 1/2 лажичка куркума во прав и варете уште 2-3 минути. Оставете 10 минути, процедете, зачинете со сок од еден лимон и мед по желба и пијте го во текот на денот.

Чај од магдонос

Магдоносот го поттикнува излачувањето на водата од телото, а во исто време ги храни бубрезите и другите органи задолжени за чистење на организмот. Две лажички сушен или една лажица свеж магдонос прелијте ги со 250 мл зовриена вода, покријте и оставете да отстои 15 минути, па процедете и испијте го додека е уште топол чајот. За подобар вкус можете да додадете малку лимон или мед. Пијте 2 до 4 филџани дневно, а по три недели направете пауза од еден месец за да му помогнете на телото да се опорави од диуретичниот ефект.

Чај од анасон

Во ајурведата, овој чај се користи за подобрување на дигестивните функции и ублажување на запек, бидејќи ги релаксира мускулите на дигестивниот систем. На овој начин, чајот од анасон го чисти телото и помага побрзо да се исфрлат токсините од телото. Издробете ги семките од анасон во точник, потоа 1 лажица прелијте со врела вода, оставете 5 минути и потоа процедете. Истата е постапката и ако користите чај од анасон на рефус. Пијте по еден филџан 2 до 3 пати на ден, најдобро по оброк.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот