Четири најчудни временски ФЕНОМЕНИ – Од КРВАВ дожд до ТОРНАДО ОД МУВИ (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

Колку и да е непридвидливо времето, очекуваме да е во границите на нормалата. Но, понекогаш, работите стануваат библиски. Зборуваме за најчудните временски феномени што биле некогаш забележани. Крваво-црвен дожд е само почетокот.

Крвав дожд

Еве нешто многу чудно. Крвав дожд е доволно чест што има свој артикл на Википедиа. Последниот забележан пример за овој дожд е од 2001 година, кога црвен дожд падна во Индиската држава Керала. Ако сте загрижени дека ова е од класичните Египетски чуми, вратени за да не прогонуваат, не бидете. Иницијалните извештаи беа прилично сигурни дека било само вонземјанска инвазија. Подоцните анализи, покажале дека цутење на црвени алги, биле виновни за црвената боја на дождот.

Дожд од жаби (и птици и риби)

Еве уште еден дожд кој е почест од што би мислеле. Велика Британија изгледа е омилена за летачките водоземци: Во 1966, дожд од жаби го удри Лландеви, Велс, и потоа во 1998 се случило повторно во Лондон. Во 2010, Арканзас бил погоден од несреќно јато на црни птици и нешто слично се случило и со јато на Италијански лебеди следната година. Но, најчудната случка мора да е во Хондурас. Секоја година, во мај или јуни, селото Јоро слави годишно невреме кое остава илјадници риби по улиците. Научниците не се сигурни која е причината за овие животински дождови (најверојатно бидејќи има повеќе од една причина), но теоријата што е најверојатно е дека во многу случаи торнадата и другите бури ги носат несреќните животни и ги фрлаат, мртви или живи, километри од своите домови.

Бугнадо

Ова е најверојатно наш личен кошмар. „Бугнадо“ е вртечка колумна од зуечки мали муви која расте високо во небото. Тие не стигаат опасни брзини, ниту ќе направат некоја голема штета (освен психолошка штета да ви влезе некоја во грло), но сепак се многу морничави.

Густ дожд

Во 1994 година, невреме помина преку мало градче во Вашингтон, но наместо капки дожд, остави мали желатинести густи капки од …нешто. Една граѓанка ги однела густите капки во државниот оддел за екологија, од каде дознале дека биле преполни со клетки – но какви клетки, не било кажано. Една теорија вели дека биле делчиња од несреќна медуза, која била пукната од вежби со бомби низ океанот. Дури и да е вистинита, сепак е многу чудно.

Фото: Миа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот