Четири милиони евра казна за „Фејсбук“ во Унгарија

Унгарската агенција за заштита на конкуренција нареди Фејсбук да плати казна од 1,2 милијарди форинти, или нешто помалку од четири милиони долари, поради доведување во заблуда на корисници. Тоа е најголема ваква казна во историјата на државата.

Суштината на тој случај е тврдењето на унгарската агенција дека „Фејсбук“ ги рекламирал своите услуги како бесплатни, но дека компанијата заработувала пари од активности и податоци на корисниците, што може да се толкува како форма на плаќање, јавуваат унгарските медиуми.

Казната за „Фејсбук” следува по неколку недели шпекулации дека Унгарија ќе ја казни таа социјална мрежа. Унгарската агенција наведува и дека пораката на ФБ пред која се рекламирале бесплатни услуги, била поставена во почетокот на 2010 година, и дека е избришана во крајот на октомври оваа година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот