Четири меча по ред Несторовски ја „грее“ клупата на Удинезе!

twitter.com/Udinese_1896

Во пресрет на историскиот натпревар на најдобрата македонска А репрезентација против Грузија на 12 ноември за пласман на ЕП, веќе еден месец Илија Несторовски нема настап за Удинезе во Серија А.

Нашиот напаѓач вечерва и по четврти пат само ја „грееше“ клупата за резерви на натпреварот од седмото коло од најсилното италијанско првенство против Сасуоло на гостински терен (0:0).

Претходно Несторовски од клупата гледаше уште три мечеви на својот клуб, домашниот триумф над Парма (3:2) и поразите од Фиорентина (3:2) и Милан (1:2).

Последен пат Македонецот играше во Серија А на 3 октомври во поразот од Рома (0:1) во кој имаше само мала минутажа, односно настапи од 86 минута.

ФОТО: Ангеловски го објави списокот, бркаме историско ЕП со Пандев, Елмас, Ристовски..!

Секако ова е загрижувачки и за селекторот Игор Ангеловски кој денеска го објави списокот на играчот за дуелот со Грузијците во кој се наоѓа и Несторовски, но и воедно истиот кој поради ситуацијата со коронавирусот може до последен момент, односно до почетокот со дуелот со Грузија да го крои составот.

Да додадеме уште со денешното реми Удинезе и натаму останува во опасната зона за испаѓање, на претпоследната 19 позиција со четири бода.

Македонскиот репрезентативец Несторовски има понуда од Серија А

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот