Четири лица пукале во куќа во Чаир, оштетено возило

Фото: Твитер

На 03.11.2020 околу 00.15 часот во СВР Скопје, А.К. пријавил дека на ул.„Цветан Димов“, од страна на М.Р., Е.Ф., Е.Ф. и Е.З., сите од Скопје, било пукано кон неговата куќа, информира МВР.

Според пријавеното, од пукањето нема повредени лица, а оштетено било неговото патничко возило „рено“, со скопски регистарски ознаки.

Полициски службеници излегле на местото и извршиле увид, при што биле пронајдени и подигнати пет чаури. МВР презема мерки за расчистување на случајот.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот