Четири лица обвинети за непостапување според здравствени прописи во Велес

Надлежниот јавен обвинител на Основниот суд Велес му предложил на судот на обвинетите да им изрече парични казни во висина од по 40 дневни глоби.

Основното јавно обвинителство Велес поднесе предлози за издавање казнен налог за четири лица, двајца велешани и две лица жители на Градско, за сторено кривично дело – непостапување според здравствени прописи во време на епидемија.

Јавното обвинителство соопшти дека обвинетите не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија, донесена со цел да се спречи ширењето на коронавирусот.

Надлежниот јавен обвинител на Основниот суд Велес му предложил на судот на обвинетите да им изрече парични казни во висина од по 40 дневни глоби, при што висината на една дневна глоба да биде определена на 20 евра во денарска противвредност.​​

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот