Фото: Принтскрин

Четири лица загинаа во поплавите во Кентаки и Џорџија, издадени предупредувања за торнадо

Голем дел од Соединетите Американски Држави се соочија со обилни дождови кои предизвикаа поплави во Кентаки и Џорџија, а најмалку четворица загинаа во југоисточниот дел на земјата, објави АП.

Во исто време, рамнините на северот на САД се многу студени, со температури кои достигнуваат -45 степени Целзиусови, а предупредувања за торнадо се издадени во делови од Џорџија и Флорида.

Мајка и нејзиното седумгодишно дете загинаа во округот Харт во Кентаки кога поплавите го однесоа автомобилот во кој се наоѓаа, изјави претставник на округот за локалната телевизија ВБКО.

Заменик-директорот за вонредни состојби во округот Ревел Бери изјави дека 73-годишен маж бил пронајден мртов во поројните поплави во југоисточниот дел на Кентаки.

Гувернерот на Кентаки Енди Бешеар денеска изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп го одобрил неговото барање за финансирање за помош при катастрофи.

Силно невреме зафати и делови од Флорида и Џорџија, каде утрово беа на сила предупредувањата за торнадо, соопшти Националната метеоролошка служба.

Во Атланта, едно лице загина кога утрово „исклучително големо дрво“ падна врз куќа, изјави капетанот на противпожарната служба на Атланта, Скот Пауел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот