Четири лица повредени при пукотница во Берлин

Германска полиција
Германска полиција /Фото: EPA

На паркинг од продавница во северниот дел на Берлин денеска се случила пукотница во која четири лица биле повредени, пренесува Ројтерс. 

Лицето кое ја започнало пукотницата е во бегство. Меѓу повредените биле тројца мажи и една жена. 

Едно лице било прободено со нож, други две се здобиле со повреди од куршумите, а третото лице има повреди на главата откако дошло до физичка пресметка со напаѓачот, пренесува „Берлинер Цајтунг“. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот