Четири кривични пријави за злоупотреби во дом за стари лица во Куманово

Фото: МИА

Полицијата во Куманово поднела четири кривични пријави поради злоупотреби со исплата на плати во дом за стари лица во Куманово.

Кривична пријава била поднесена против против С.С (64) од Џ.Н(41) од село Слупчане, општина Липково, поради злоупотреба на службена положба и против Е.А(35) и А.Б(43) од Куманово, поради фалсификување или уништување на деловни книги.

Џ.Н како директор на Јавната општинска установа Дом за стари лица „Зафир Сајто“ во Куманово со помош на С.С. како претседател на Управниот одбор на седницата одржана на 13.07.2015 година, на дневниот ред, под точка 4 ставил „донесување на Одлука за утврдување на коефициент за додаток на плата и му дал уверување дека истата е неопходна за почеток на формирање на систем – програма за плати што е неопходно за нормално функционирање на ЈОУ Дом за стари лица „Зафир Сајто.

По ова тој на дневен ред под точка 4 ставил „донесување на Одлука за утврдување на коефициент за додаток на плата за која бил должен да знае дека е спротивна на Законот за социјална заштита, Колективниот договор за социјална заштита, Колективниот договор за изменување и дополнување на Колективниот договор за социјална заштита од јануари 2009 година и излегува надвор од негови овластувања.

Со тоа, двајцата им овозможиле на вработените во домот да се стекнат со плати повисоки за износите кои ги примале како „посебен додаток“ во период од месец август 2015 до месец мај 2018 година, односно за вкупен износ од 3.790.928 денари, а второпријавениот да се стекне со противправна имотна корист од 588.134 денари, со што го оштетиле буџетот за вкупен износ од 4.379.062 денари.

Е.А. и А.Б иако биле должни согласно описот и пописот на работното место архивар во делот „работни задачи“, под точка „Чување и надзор на документите во работните простории“, на точно неутврден датум го прикриле или уништиле Записникот од одржана седница на Управен одбор на која е донесена Одлуката за утврдување на коефициент, соопшти полицијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот