Четири изводи и само еден датум, колку години има фудбалерот на Порто?

Мистерија околу годината на раѓање на Шансел Мбемба/ фото: EPA-EFE/MANUEL FERNANDO ARAUJO

Фудбалерот на Порто и репрезентативец на ДР Конго, Шансел Мбемба ќе мора да си замине од португалскиот тим на лето иако сезонава е стандарден во првиот тим.

Причината одлуката на Порто да не му го продолжи договорот Мбемба бидејќи не може да утврди колку години има фудбалерот. Тој има четири изводи од матичната книга на родени каде се запишани четири различни години, а точен е датумот, 8 август.

Во пасошот на Мбемба стои дека е роден на 8 август 1994 година, додека неговите пријатели тврдат дека годината на раѓање е 1990. Но, клубовите во кои настапуваше во Конго го завеле Мбемба дека е роден 1988 година.

Дополнителен проблем претставува и податокот дека во 2011 година фудбалската федерација на ДР Конго ја преправила датата на раѓање на 1991 година за да може да игра за олимписката репрезентација.
– Анализата јасно покажа дека сум роден 1994 година, тоа го знаат и моите пријатели и семејството, но зависта е тешко да се запре – вели Мбемба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот