Четири идеални љубовни партнери за секој хороскопски знак

хороскоп
Рене Магрит - Љубовници (IV) 1928–1928

Луѓето кои сакаат астрологија сакаат да знаат кој е идеалниот хороскопски знак кој им одговара, па затоа честопати кога запознаваат некој веднаш го поставуваат токму прашањето „Што си во хороскоп“.

Прочитајте кои четири знаци најдобро би ви одговарале во љубовта за да знаете на што да се надевате кога ќе сретнете личност која ќе го привлече вашето внимание.

Овенот најдобро одговара со: Водолија, Близнаци, Лав и Стрелец

Овен и Водолија

Водолиите ја сакаат независноста и се исто толку жестоки како Овните, но во исто време тие едноставно не можат еден без друг затоа што се привлекуваат како магнети. Во нивната врска може да се појави проблем само доколку Овенот сака да доминира во врската што гордата и независна Водолија никогаш нема да го дозволи тоа. За да се одржи врската, еден од нив треба малку да попушти и да научи да живее во компромис.

Овен и Близнаци

Оваа комбинација е секогаш страствена, а ги поврзуваат токму заедничките активности и интереси. Близнаците и Овните се неуморни, активни и секогаш бараат нови авантури. Оваа врска може да биде во искушение кога Овнот ќе биде лишен од улогата на водач. Близнаците треба да научат колку е важно лидерството за Овните и треба да им дозволат да ја „диктираат врската“. Оваа врска е совршена затоа што тие се надополнуваат еден со друг. Овенот е драматичен и интелигентен, додека Близнаците се разноврсни и генијални.

Овен и Лав

Овие два хороскопски знаци се многу ексцентрични и страствени. Тие совршено се вклопуваат и се надополнуваат еден со друг во кревет. Врската ќе ја зачинат со својата неодолива смисла за хумор, но може да се појават проблеми кога Овенот ќе почувствува дека ја губи доминацијата затоа што Лавот тајно ја посакува таа улога. Доколку успеат да го избегнат тој конфликт и се договорат за компромис, оваа врска наскоро би можела да прерасне во брак бидејќи постои голема меѓусебна љубов, почит и лојалност. Тие секогаш ќе бидат посветени еден на друг и ќе направат сè за да успее нивната врска. Големата упорност што ја поседуваат им гарантира дури и стабилен брак во иднина.

Овен и Стрелец

Оваа љубовна приказна има голем потенцијал. Овенот е поинтензивен, додека Стрелецот е желен за забава. Двата хороскопски знаци се емоционално и физички силни и подготвени да направат компромис. Одење на планинарење или возење велосипед кај нив секогаш ќе го предизвика натпреварувачкиот дух кон кој се склони и двајцата. Стрелецот треба да ја ограничи потребата од флерт. Овните никогаш не би можеле да им простат за изневерувањето.

Бикот најмногу одговора со: Рак, Девица, Риби и Јарец

Бик и Рак

Бикот и Ракот се многу компатибилни кога станува збор за љубовта затоа што Бикот е познат по тоа што сака да пружа неограничена љубов која Ракот неизмерно ја цени. Ракот сака да биде сакан, ценет и заштитен, а овој знак може да му го даде тоа без никакви проблеми. Двајцата сакаат тивки и мирни вечери со семејството и пријателите со кои најдобро се релаксираат.

Бик и Девица

Девиците се познати по својата практичност и стремеж кон совршенство, па затоа Биковите се нивни идеални партнери, затоа што се во состојба да ги исполнат нивните високи стандарди. Овие два хороскопски знаци се многу романтични и ќе уживаат во вечери со свеќи или долги прошетки. Но, може да се појави проблем само ако Бикот го изгуби интересот за секогаш совршената Девица. Ако успеат да го избегнат овој проблем, нивната врска може да трае долго.

Бик и Јарец

Овие два хороскопски знаци се совршени еден за друг. Тие се многу темелни и дури и кога ќе се заљубат тие не ја губат главата. Семејството и пријателите им се најважни, па Бикот и Јарецот многу брзо можат да се одлучат за создавање заеднички семеен живот. Почитта, взаемната љубов и искреноста се квалитети што ги ценат и двајцата. Единствениот проблем на кој може да наидат е рутината, од која и двајцата се плашат.

Бик и Риби

Врската помеѓу Бик и Риби е многу хармонична. Двајцата се опуштени и сакаат да уживаат во малите моменти. Бикот ги цени романтиката и нежноста што ги наоѓа кај Рибите, додека на Рибите им е најважна стабилноста и безбедноста што им ја овозможува Бикот. Како што одминува времето во врската, тие стануваат се поблиски. Меѓу нив секогаш првично се раѓа пријателство, па потоа преминува во нешто повеќе.

Совршена комбинација за Близнаците: Лав, Овен, Водолија и Вага

Близнаци и Лав

Љубовната врска меѓу Близнаците и Лавот е многу страствена. Тие максимално уживаат еден во друг. Сакаат романса и тоа е она што ги обединува пред сè. Лавот секогаш ќе ја истакнува својата несебична љубов кон Близнаците. Проблем во оваа врска може да се појави кога Лавот ќе почувствува љубомора на честиот флерт на Близнаците. Поради тоа, Близнаците ќе мора да работат напорно за да ги задоволат сите желби на Лавот. Оваа страсна врска многу често резултира во брак.

Близнаци и Овен

Оваа комбинација е секогаш страствена, а ги поврзуваат токму заедничките активности и интереси. Близнаците и Овните се неуморни, активни и секогаш бараат нови авантури. Оваа врска може да биде во искушение кога Овнот ќе биде лишен од улогата на водач. Близнаците треба да научат колку е важно лидерството за Овните и треба да им дозволат да ја „диктираат врската“. Оваа врска е совршена затоа што тие се надополнуваат еден со друг. Овенот е драматичен и интелигентен, додека Близнаците се разноврсни и генијални.

Близнаци и Вага

Овие два хороскопки знаци се совршен пар. Тие имаат сè што им треба за силна и стабилна врска. Двајцата се страствени и никогаш не се љубоморни на постапките на нивниот партнер. Тие никогаш нема да си ја ограничуваат слободата еден на друг, затоа што имаат меѓусебна доверба. Во оваа комбинација може да се појави проблем токму кога ќе ја изгубат таа доверба. Кога тоа ќе се случи, ќе биде многу тешко работите да се вратат како што биле порано. Дотогаш двајцата ќе уживаат во љубовна идила.

Близнаци и Водолија

Водолијата е полна со изненадувања и ненадејни промени кои совршено одговараат на Близнаците. Променливите Близнаци тешко ќе се прилагодат на цврстите ставови на Водолијата. Тие сакаат да се дружат и да имаат голем број пријатели што ќе биде голем проблем за љубоморната Водолија. Тие веројатно добро ќе се согласуваат во кревет, но страста со текот на времето може да исчезне… Доколку го надминат тој период веројатно нивната љубов еден ден ќе се преточи во шармантен брак.

Ракот најдобро одговара со Скорпиите, Рибите, Бикот и Девицата

Рак и Бик
Бикот и Ракот се многу компатибилни кога станува збор за љубовта затоа што Бикот е познат по тоа што сака да пружа неограничена љубов која Ракот неизмерно ја цени. Ракот сака да биде сакан, ценет и заштитен, а овој знак може да му го даде тоа без никакви проблеми. Двајцата сакаат тивки и мирни вечери со семејството и пријателите со кои најдобро се релаксираат.

Рак и Девица

Девицата му ја дава на Ракот емоционална сигурност што му е потребна, а Девицата го обожава чувството „да се биде во сигурни раце“. Тие ќе уживаат да се надополнуваат и многу брзо ќе развијат зависност еден од друг. Она што ја прави оваа врска толку силна е што тие се во можност да ја докажат и покажат својата заедничка љубов во секоја прилика.

Рак и Скорпија

Оваа врска има голем потенцијал. Проблемот може да се појави кога Скорпијата ќе сфати дека Ракот е премногу емотивен за него и дека вниманието што треба да му го посвети започнува да го гуши. Ако Скорпијата ја препознае причината за љубомората на Ракот, тој брзо ќе се смири затоа што загубата на некој близок е премногу стресна за него. Скорпијата мора да биде свесна дека во оваа врска не смее да биде премногу остра на јазик, бидејќи емотивниот Рак ќе се повлече и оваа врска ќе заврши брзо. Ако обете страни ја надминат својата гордост и цврсти ставови, оваа врска ќе успее и ќе биде многу страствена.

Рак и Риби

Оваа љубовна врска е полна со турбуленции. Отпрвин се чини идеално, но постепено почнува да исчезнува страста и тие се презаситуваат еден од друг. За Ракот е познато дека е непостојан и тука нема помош. И Ракот и Рибите живеат во својот магичен свет и ретко гледаат на животот реално и со отворени очи. Поради своите розови очила со кои гледаат на светот, овој пар ќе има големи проблеми. За да успее врската, еден од партнерите мора да биде пореален, бидејќи во спротивно оваа врска е осудена на пропаст

Најдобри партнери за Лав: Овен, Близнаци, Стрелец и Вага

Лав и Овен

Овие два хороскопски знаци се многу ексцентрични и страствени. Совршено се вклопуваат заедно. Врската ја зачинуваат со својата неодолива смисла за хумор, но проблемите се тука затоа што обајцата сакаат да доминираат. Доколку успеат да најдат компромис и да избегнат конфликт, оваа врска наскоро би можела да се претвори во брак бидејќи постои голема меѓусебна љубов, почит и лојалност. Тие секогаш ќе бидат посветени еден на друг и ќе направат сè за нивната врска да успее.

Лав и Вага

Лавовите повеќе ги привлекува физичкиот изглед, што им пречи на Вагите, кои ценат некои подуховни работи кај партнерот. Како и да е, овие два знака совршено се вклопуваат заедно. Тајната на нивната врска е почитување на компромисот со кој со задоволство ќе се согласат, но и страста, која игра голема улога во нивната врска. Совршено се вклопуваат во сексот и нивната врска никогаш нема да стане рутина затоа што е исполнета со забава и смеа.

Лав и Близнаци

Љубовната врска меѓу Близнаците и Лавот е многу страствена. Тие максимално уживаат еден во друг. Тие сакаат романса и тоа е она што ги обединува пред сè. Лавот секогаш ќе ја истакнува својата несебична љубов кон Близнаците. Проблем во оваа врска може да се појави кога Лавот ќе почувствува љубомора.

Лав и Стрелец

Овие два хороскопски знаци се желни за авантура и токму тоа ги поврзува. Тие се страствени и бараат многу внимание, па со задоволство ќе ги задоволат тие две потреби. Она што ја прави оваа врска посебна е големата меѓусебна љубов, почит и лојалност. Тие секогаш ќе се посветат еден на друг и ќе направат сè за да успее оваа врска. Големата упорност што ја поседуваат им гарантира стабилен брак и врска.

Девиците се најпогодни: Бик, Јарец, Скорпија и Рак

Девица и Бик

Девиците се познати по својата практичност и стремеж кон совршенство, па затоа Биковите се нивни идеални партнери, затоа што се во состојба да ги исполнат нивните високи стандарди. Двајцата се многу романтични и ќе уживаат во вечери со свеќи и долги прошетки во паркот. Но, може да се појави проблем кога Бикот ќе го изгуби интересот за секогаш совршената Девица. Ако успеат да го избегнат ова, нивната врска може да трае долго.

Девица и Јарец

Врската помеѓу Девицата и Јарецот не е бурна и полна со кавги бидејќи Јарецот дозволува доминантната Девица да ја преземе главната улога. Би дошло до проблем во врската само кога на Девицата ќе ѝ здосади улогата на шеф. Решението за овој проблем е Јарецот понекогаш да ја преземе таа улога. Оваа врска има многу квалитети. Двајцата се интелектуалци, практични и уживаат да го анализираат однесувањето на нивниот партнер. Овие карактеристики им овозможуваат да имаат мирен и стабилен брак.

Девица и Рак

Девицата му ја дава на Ракот емоционална сигурност што му е потребна, а Девицата го обожава чувството да е во сигурни раце. Тие уживаат да се надополнуваат и многу брзо ќе развијат зависност еден од друг. Она што ја прави оваа врска толку цврста е што тие се во можност да ја докажат својата заедничка љубов и да го покажат тоа во секоја прилика.

Девица и Скорпија

Општо земено, овие два хороскопски знаци се многу компатибилни и совршено се вклопуваат еден со друг. Но, Девицата не е премногу страствена кон моќната Скорпија. Скорпиите се упорни и ќе бараат од Девицата да се разбуди и да им се придружи, а на Девиците тоа честопати им е чудно. Овој однос на е првенствено пријателски, а дури отпосле може да премине во љубовна врска. Девицата е таа што не сака да се согласи на компромиси и токму тоа ќе ја полуди Скорпијата. Ако успеат да најдат компромис, оваа врска ќе биде многу стабилна.

Вагите најмногу си одговараат со Близнаци, Водолија, Стрелец и Лав

Вага и Близнаци

Овие два хороскопки знаци се совршен пар. Тие имаат сè што им треба за силна и стабилна врска. Двајцата се страствени и никогаш не се љубоморни на постапките на нивниот партнер. Тие никогаш нема да си ја ограничуваат слободата еден на друг, затоа што имаат меѓусебна доверба. Во оваа комбинација може да се појави проблем токму кога ќе ја изгубат таа доверба. Кога тоа ќе се случи, ќе биде многу тешко работите да се вратат како што биле порано. Дотогаш двајцата ќе уживаат во љубовна идила.

Вага и Водолија

Вагите и Водолиите имаат по малку бурна врска во која и двајцата знаат да уживаат. Тие се авантуристи и брзо се презаситуваат од работи што се секогаш исти. Тие сакаат да бидат во движење и секогаш имаат одлично друштво на чии забави со задоволство ќе присуствуваат. Со својот неодолив шарм и смисла за хумор, тие се способни да ги придобијат сите и тоа им е единствениот проблем во оваа врска. Ако не успеат да ја надминат љубомората, нема лек. Но, верноста е една од силните страни на оваа врска. Тие едноставно се обожаваат еден со друг.

Вага и Лав

Лавовите повеќе ги привлекува физичкиот изглед, што им пречи на Вагите, кои ценат некои подуховни работи кај партнерот. Како и да е, овие два знака совршено се вклопуваат заедно. Тајната на нивната врска е почитување на компромисот со кој со задоволство ќе се согласат, но и страста, која игра голема улога во нивната врска. Совршено се вклопуваат во сексот и нивната врска никогаш нема да стане рутина затоа што е исполнета со забава и смеа.

Вага и Стрелец

Трпението на Вагата е она што му треба на Стрелецот. Вагите секогаш ќе бидат изненадени од необичното однесување на Стрелецот. И двата знака се прилично разумни, но честопати се склони кон расправии. И покрај тоа, во нивната врска нема големи проблеми затоа што има разбирање и поддршка. Ќе поминуваат многу време заедно и ќе ги запостават своите пријатели затоа што нема да можат да се одделат еден од друг. Нивниот брак може да биде пример за секого.

Скорпиите најдобро одговараат со Рак, Риби, Девица и Јарец

Девица и Скорпија

Овие два хороскопски знаци се многу компатибилни и совршено се вклопуваат заедно. Проблемот е во тоа што Девицата не е доволно страствена, барем не според параметрите на Скорпијата. Но, Скорпијата нема да се предаде. Тие на почетокот прво стануваат пријатели. Девицата е таа што не сака да се согласи на компромиси и токму тоа ја полудува Скорпијата. Ако успеат да се договорат за компромис, овој однос ќе биде многу стабилен.

Скорпија и Рак

Оваа врска има голем потенцијал. Проблемот може да се појави кога Скорпијата ќе сфати дека Ракот е премногу емотивен за него и дека вниманието што треба да му го посвети започнува да го гуши. Ако Скорпијата ја препознае причината за љубомората на Ракот, тој брзо ќе се смири затоа што загубата на некој близок е премногу стресна за него. Скорпијата мора да биде свесна дека во оваа врска не смее да биде премногу остра на јазик, бидејќи емотивниот Рак ќе се повлече и оваа врска ќе заврши брзо. Ако обете страни ја надминат својата гордост и цврсти ставови, оваа врска ќе успее и ќе биде многу страствена.

Скорпија и Риби

Овие два хороскопски знаци премногу се привлекуваат еден со друг. Рибите сакаат да се потпрат на Скорпијата бидејќи е независна и стабилна што многу им одговара на Рибите и нивната срамежливост. Ентузијазмот е она што ги краси Рибите, а во комбинација со упорноста на Скорпијата е она што ја прави оваа врска совршена. Оваа романса тешко дека ќе заврши и штом еднаш успее, пламенот на љубовта и страста никогаш нема да згасне.

Скорпија и Јарец

Овие два хороскопски знаци се упорни, амбициозни и совршено си одговараат еден со друг во еротска смисла. Оваа врска ретко кога ќе наиде на проблеми. Јарецот ја обожава романсата што ја поседува Скорпијата и неговата прегратка е тоа што го полудува Јарецот. Стабилноста и упорноста е она што Јарецот секогаш ќе го цени и почитува кај Скорпијата. Оваа врска, а подоцна и бракот, ќе бидат исклучително успешни затоа што овој пар има се што е потребно за една хармонична врска.

Стрелецот е совршен пар со Лав, Водолија, Овен и Вага

Стрелец и Овен

Оваа љубовна приказна има голем потенцијал. Овенот е поинтензивен, додека Стрелецот е желен за забава. Двата хороскопски знаци се емоционално и физички силни и подготвени да направат компромис. Одење на планинарење или возење велосипед кај нив секогаш ќе го предизвика натпреварувачкиот дух кон кој се склони и двајцата. Стрелецот треба да ја ограничи потребата од флерт. Овните никогаш не можеле да им простат за изневерувањето.

Стрелец и Вага

Трпението на Вагата е она што му треба на Стрелецот. Вагите секогаш ќе бидат изненадени од необичното однесување на Стрелецот. И двата знака се прилично разумни, но честопати се склони кон расправии. И покрај тоа, во нивната врска нема големи проблеми затоа што има разбирање и поддршка. Ќе поминуваат многу време заедно и ќе ги запостават своите пријатели затоа што нема да можат да се одделат еден од друг. Нивниот брак може да биде пример за секого.

Стрелец и Лав

Овие два хороскопски знаци се желни за авантура и токму тоа ги поврзува. Тие се страствени и бараат многу внимание, па со задоволство ќе ги задоволат тие две потреби. Она што ја прави оваа врска посебна е големата меѓусебна љубов, почит и лојалност. Тие секогаш ќе се посветат еден на друг и ќе направат сè за да успее оваа врска. Големата упорност што ја поседуваат им гарантира стабилен брак и врска.

Стрелец и Водолија

Двајцата се склони кон авантури и сакаат да талкаат наоколу, но Водолијата е она што ќе го смири Стрелецот и ќе започне сериозна врска со него. Овие два хороскопски знаци совршено си одговараат во кревет и никогаш не им е досадно. Страста ги води низ животот. Емоциите на другиот партнер се многу важни за нив и тие секогаш ќе бараат максимална доверба. Затоа, Стрелецот и Водолијата ќе имаат силна и хармонична врска.

Јарецот најдобро се сложува со Девица, Бик, Скорпија и Риби

Јарец и Девица

Врската помеѓу Девицата и Јарецот не е бурна и полна со кавги бидејќи Јарецот дозволува доминантната Девица да ја преземе главната улога. Би дошло до проблем во врската само кога на Девицата ќе ѝ здосади улогата на шеф. Решението за овој проблем е Јарецот понекогаш да ја преземе таа улога. Оваа врска има многу квалитети. Двајцата се интелектуалци, практични и уживаат да го анализираат однесувањето на нивниот партнер. Овие карактеристики им овозможуваат да имаат мирен и стабилен брак.

Јарец и Бик

Овие два хороскопски знаци се совршени еден за друг. Тие се многу темелни и дури и кога ќе се заљубат тие не ја губат главата. Семејството и пријателите им се најважни, па Бикот и Јарецот многу брзо можат да се одлучат за создавање заеднички семеен живот. Почитта, взаемната љубов и искреноста се квалитети што ги ценат и двајцата. Единствениот проблем на кој може да наидат е рутината, од која и двајцата се плашат.

Јарец и Скорпија

Овие два хороскопски знаци се упорни, амбициозни и совршено си одговараат еден со друг во еротска смисла. Оваа врска ретко кога ќе наиде на проблеми. Јарецот ја обожава романсата што ја поседува Скорпијата и неговата прегратка е тоа што го полудува Јарецот. Стабилноста и упорноста е она што Јарецот секогаш ќе го цени и почитува кај Скорпија. Оваа врска, а подоцна и бракот, ќе бидат исклучително успешни затоа што овој пар има се што е потребно за една хармонична врска.

Јарец и Риби

Рибите се шармантни и така ќе го освојат конзервативниот Јарец. Но, всушност Јарецот е оној кој ќе ги освои Рибите и ќе им овозможи доминантна улога во оваа врска. Искреноста, стабилноста и гордоста се главните карактеристики на Рибите што ќе го направат Јарецот многу среќен. Иако се различни, тие совршено се надополнуваат. Таквите врски наскоро се претвораат во среќен и долг брак.

Најдобри партнери за Водолија: Вага, Близнаци, Стрелец и Овен

Водолија и Вага

Вагите и Водолиите имаат по малку бурна врска во која и двајцата знаат да уживаат. Тие се авантуристи и брзо се презаситуваат од работи што се секогаш исти. Тие сакаат да бидат во движење и секогаш имаат одлично друштво на чии забави со задоволство ќе присуствуваат. Со својот неодолив шарм и смисла за хумор, тие се способни да ги придобијат сите и тоа им е единствениот проблем во оваа врска. Ако не успеат да ја надминат љубомората, нема лек. Но, верноста е една од силните страни на оваа врска. Тие едноставно се обожаваат еден со друг.

Водолија и Близнаци

Водолијата е полна со изненадувања и ненадејни промени кои совршено одговараат на Близнаците. Променливите Близнаци тешко ќе се прилагодат на цврстите ставови на Водолијата. Тие сакаат да се дружат и да имаат голем број пријатели што ќе биде голем проблем за љубоморната Водолија. Тие веројатно добро ќе се согласуваат во кревет, но страста со текот на времето може да исчезне, ако го надминат тој период веројатно нивната љубов еден ден ќе се преточи во шармантен брак.

Водолија и Стрелец

Двајцата се склони кон авантури и сакаат да талкаат наоколу, но Водолијата е она што ќе го смири Стрелецот и ќе започне сериозна врска со него. Овие два хороскопски знаци совршено си одговараат во кревет и никогаш не им е досадно. Страста ги води низ животот. Емоциите на другиот партнер се многу важни за нив и тие секогаш ќе бараат максимална доверба. Затоа, Стрелецот и Водолијата ќе имаат силна и хармонична врска.

Водолија и Овен

Водолиите ја сакаат независноста и се исто толку жестоки како Овните, но во исто време тие едноставно не можат без едни со други затоа што се привлекуваат како магнети. Проблемот може да се појави само доколку Овенот сака да доминира во врската што гордата и независна Водолија никогаш нема да му го дозволи тоа. За да се одржи врската, еден од нив треба малку да попушти и да научи да живее во компромис.

Рибите најдобро се сложуваат со Скорпија, Рак, Јарец и Бик

Риби и Скорпија

Овие два хороскопски знаци премногу се привлекуваат еден со друг. Рибите сакаат да се потпрат на Скорпијата бидејќи е независна и стабилна што многу им одговара на Рибите и нивната срамежливост. Ентузијазмот е она што ги краси Рибите, а тоа со упорноста на Скорпијата ја прави оваа врска совршена. Оваа романса тешко дека ќе заврши и штом еднаш успее, пламенот на љубовта и страста никогаш нема да згасне.

Риба и Рак

Оваа љубовна врска е полна со турбуленции. Отпрвин се чини идеално, но постепено почнува да исчезнува страста и тие се презаситуваат еден од друг. За Ракот е познато дека е непостојан и тука нема помош. И Ракот и Рибите живеат во својот магичен свет и ретко гледаат на животот реално и со отворени очи. Поради своите розови очила со кои гледаат на светот, овој пар ќе има големи проблеми. За да успее врската, еден од партнерите мора да биде пореален, бидејќи во спротивно оваа врска е осудена на пропаст

Риби и Јарец

Рибите се шармантни и така ќе го освојат конзервативниот Јарец. Но, всушност Јарецот е оној кој ќе ги освои Рибите и ќе им овозможи доминантна улога во оваа врска. Искреноста, стабилноста и гордоста се главните карактеристики на Рибите што ќе го направат Јарецот многу среќен. Иако се различни, тие совршено се надополнуваат. Таквите врски наскоро се претвораат во среќен и долг брак.

Риби и Бик

Врската помеѓу Бик и Риби е многу хармонична. Двајцата се опуштени и сакаат да уживаат во малите моменти. Бикот ги цени романтиката и нежноста што ги наоѓа кај Рибите, додека на Рибите им е најважна стабилноста и безбедноста што им ја овозможува Бикот. Како што одминува времето во врската, тие стануваат се поблиски. Меѓу нив секогаш првично се раѓа пријателство, па потоа преминува во нешто повеќе.

Извор: 24сата.хр

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот