Четири грешки поради кои ноктите се уништуваат

Тајната на убавите и негувани нокти не е во тоа постојано да се лакирани или третирани со гел-маникир, туку напротив, тоа се две од четирите грешки поради кои ноктите се уништуваат.

1. Грицкање нокти – сите козметичари се согласни, грицкањето е апсолутно најлошата навика поради која ноктите ја губат формата, стануваат кршливи, а може да дојде и до воспаленија и инфекции. Исто така, оваа навика е лоша и по здравјето, бидејќи бактериите кои се наоѓаат под ноктите, лесно може преку устата да навлезат во организмот и да предизвикаат здравствени проблеми.

2. Пречесто ставање на гел – ваквиот тип на маникир е долготраен и исплатлив, но по подолг период, ноктите стануваат кршливи. Пред сè, тоа се случува поради хемикалиите во гелот, како и зрачењето со УВ-ламбата, но и самото отстранување на гелот го оштетува ноктот, бидејќи се користат големи количини на отстранувач со ацетон. Потоа следи обликувањето и отстранувањето на остатоците со турпија, што дополнително го оштетува ноктот.

3. Пречесто лакирање – лакот за нокти го спречува „дишењето“, а со тоа и природното обновување на ноктите. Доколку подолг период постојано се нанесува лак за нокти, може да се случи ноктите да станат суви и испукани. На сувите нокти полесно остануваат дамки.

4. Цигари – поради пушењето, не само што пожолтуваат надворешно, туку и поради никотинот и катранот, ноктите пукаат, а заноктиците стануваат суви и лесно крварат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот