Четири граѓани каснати од кучиња низ Македонија

Четири лица вчера биле нападнати од кучиња во различни градови во Македонија.

Вчера во 15.30 во полициската станица во Струга лицето М.М пријавил дека бил каснат од германски овчер на десната рака. Сопственикот на кучето е познат на полицијата.

Во Кичево, 65 годишната Н.М. пријавила дека околу 11 часот била касната од куче скитник на левата нога.

Исто така, 45 годишниот Ж.М. во велешката полициска станица пријавил дека на 23 бил каснат од куче скитник на десната нога.

Од куче скитник на левата нога била касната и 56 годишната С.У. во Делчево.

Полицијата вели дека работи на расчистување на случаите.

Двајца мажи каснати од кучиња скитници

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот