Четири години затвор заради снимката која го вознемири светот – Обезглавувањето на проф. Пати

Снимки кои го вознемирија светот - обезглавен професор во Париз /Фото: Скриншот

 Четири години затвор доби лицето кое на социјалните мрежи ја објави снимката од обезглавувањето на  професорот по историја Самуел Пати, убиен на 16 октомври 2020 година недалеку од училиштето каде што работеше, поради прикажување карикатури на Мухамед на неговите ученици, јави дописникот на МИА од Париз.

Осудениот (31) и претходно бил осудуван поради расистички коментари на Интернет во октомври 2020 година.

Според Франс Инфо, му се судело особено за „јавна провокација за извршување кривично дело”, „оправдување на терористички чин” и „јавно поттикнување омраза или насилство поради потеклото, етничката припадност, нацијата, расата или религијата”. 

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот