Четири дена по страшниот нокаут почина во болница! (ВИДЕО)

Патрик Деј почина четири дена, откако доживеа тежок нокаут во десеттата рунда од борбата против Чарлс Конвел од нивната борба во супервелтер категорија.

По нокаутот мечот беше веднаш прекинат. Удри со глава во подот, по што Деј веднаш беше пренесен во болница, кадешто имаше операција на мозокот, но остана во кома.

Семејството, блиските пријатели и членовите на боксерскиот тим очекуваа позитивни вести од состојбата на Деј, но промотерот Лу Дибела потврди дека во средата починал боксерот.

– Беше син, брат и пријател на многумина. Љубезност, позитивност и дарежлив дух оставија траен впечаток на сите луѓе што ги сретнал – стои во соопштението.

Неговата борба со Конвел беше една од воведните борби за главната пресметка во која Александар Усик од Украина го совлада Американецот Чез Витерспун. Конвел му испрати емотивно писмо до Деј по мечот.

– Никогаш не сакав да се случи ова, сè што сакав да направам е да победам. Доколку би можел да го вратам времето, тоа би го направил. Никој не заслужува ова да му се случи – се вели во писмото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот