Четири дена беснеат пожари Шар Планина

Фото: МИА

Четврти ден по ред горат големи пожари на Шар Планина на четири места. Се уште не е изгаснат, најголемиот пожар кој е на потегот под Попова Шапка и над селото Лисец.

-Тука гасиме заедно со Дирекција за заштита и спасување од каде испратија два авиона канадари кои фрлаа вода од небо вчера. Сметам дека ние е потребно и денеска повторно да дејствуваат, бидејќи станува збор за пожар со огнена линија од три километри. Горат дрвја смрека од кои има многу чад. Сметаме дека причина за пожарите е човечкиот фактор. Вториот пожар над Попова Шапка денеска претпладне е локализиран и очекувам таму дека нема да има веќе проблеми – изјави Ука Алити од тетовската против пожарна единица.

И понатаму има пожари на Шар Планина во шумите над Боговиње и Брезно кај месноста Вртиште.

-Се надевам дека и пониските температури кои се најауваат денови ќе бидат од помош, бидејќи се забележува дека огнот се намалува – изјави Алити.

Во гаснењето на пожарите учествуваат и вработените во шумско стопанство „Лешница” од Тетово.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот