Четири бебиња се родија во Битола во новогодишната ноќ

болница битола
Во новогодишната ноќ во Битола се родиј четири бебиња / Фото: МИА

Во првата ноќ од новата година во Битола се родија четири новороденчиња од кои три во Клиничката болница и едно во приватната болница „Плодност”. Првороденото бебе е машко чие име е Алексеј, а се роди во Клиничка болница две минути после полноќ. Другите две бебиња родени таму се девојчиња, а новороденото во болницата „Плодност” е машко дете.

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски при денешната посета на двете болници, на првороденото дете му подари 10.000 денари, а на другите три по 6.000 денари, како и пакет производи неопходни за мајките и новороденчињата во следниот период.

– Нека ни е среќна и бериќетна новата година. Првото бебе е машко. Искрени честитки за мајката, за нејзиното второродено дете, прво во оваа година, честитки и за мајките на другите три дечиња, кои не израдуваа во ова прекрасно јануарско утро. Годината добро почна, се надевам дека така и ќе биде. Наша интенција е како локална самоуправа да помогнеме секаде каде што можеме. Да си посакаме пред се за младите, подобри услови за живот, за работа во Битола, да останат тука, да имаме што повеќе принови во оваа година. Уште еднаш, искрени честитки до родителите, а до младите: Останете во Битола, Битола има услови за развој, рече Коњановски, при денешната посета на првородените во новата година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот