Честото сонување на овие нешта може да значи дека потсвеста ве предупредува!

Повторувањето на некој сон може да биде показател до каде сте стигнале со решавање на некој проблем и каде лежи проблемот.

Доколку соновите ви се повторуваат тоа значи дека потсвеста не тера да воочиме некој голем проблем кој можеби треба да го откриете.

Кошмарите често укажуваат на некое трауматично искуство или ситуација со која тешко се носиме, тврди психологот Роло Меј.


Доколку ни се случи да сонуваме еден ист сон неколку пати за неколку дена, месеци или година, најчесто тоа е затоа што потсвеста не тера да обрнеме внимание на ситуацијата која ни го оптеретување психичкиот живот.

Прво е потребно да го дешифрирате сонот, а кога ќе го направите тоа, тогаш неговото појавување може да ви послужи како показател до каде сте стигнале со проблемите и каде сте заглавиле.

Доколку некои од следните сонови ви се повторуваат, еве што би можеле да значат:

Сон во кој сте голи

Доколку во сонот сте голи и неприкладно облечени, значи дека имате голем страв од искушение за кое не сте спремни. Стручњаците наведуваат да размислите за одлуките и стравот од срамот.

Сон за смртта

Доколку често сонувате смрт на сакана личност, тоа е знак дека е време да замине во заборав некој стар дел од вашата личност и дека треба само да се прилагодите на моменталните околности.


Сон каде телефонот не ви работи

Доколку во сонот не можете да воспоставите врска, тоа упатува на проблеми во комуникацијата со некој. Размислете со кого не сте во добри односи и отворено поразговарајте за тоа.

Сон каде не можете да закочите

Ако сонувате дека возите и не можете да закочите, тоа ве упатува дека некои работи во животот ви излегле од контрола.

Сон каде што ви се расипува апаратот

Доколку сонувате како некој уред ви се расипал, обрнете внимание на вашето здравје. Ваквиот сон може да предупреди и на конкретни пропусти во животот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот