Честитка од Советот на амбасадори по повод одлуката на СПЦ за прифаќање на автокефалноста на МПЦ-ОА

Заедничка литургија на МПЦ-ОА и СПЦ во Соборниот храм Св. Климент Охридски во Скопје, Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Советот на амбасадори упати честитка до граѓаните по повод одлуката на Српската Православна Црква за прифаќање на афтокефалноста на Македонската Православна Црква-Охридска Архиепископија и по повод 24 Мај – Денот на сесловенските просветители.

– Jа поздравувамe мудроста и дипломатската вештина на српскиот Патријарх Порфириј и македонскиот Архиепископ Стефан кои донесоа правилни одлуки, со што овозможија сплотување на верниците на двата народа во една Света Апостолска Црква. Исто така, ја поздравуваме одлуката на Вселенскиот Патријарх Вартоломеј за иницијативата што ја овозможи и за дваесеттина дена административно ќе ја заокружи автокефалноста во Истанбул со врачување на Акт за признавање на канонство на Македонската православна црква, се вели во честитката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот