Честитка од претседателот Пендаровски по повод празникот Јом Кипур

Претседателот Стево Пендаровски по повод одбележувањето на еврејскиот празник Јом Кипур, упати честитка до претседателката на Еврејската заедница во Република Северна Македонија, Берта Романо-Николиќ и до сите припадници на Eврејската заедница во државава, соопшти Кабинетот на претседателот.

– Јом Кипур има уникатно место во еврејскиот календар. Една од клучните пораки на овој празник на покајанието, искупувањето и помирувањето е дека не е предоцна за да се сврти нова страница во животот, да се биде благодарен за благословите во сопствениот живот и да се биде благослов во животите на другите луѓе и во општеството. Вам, лично, и на сите припадници на Eврејската заедница во Република Северна Македонија од сè срце Ви посакувам овој „ден на деновите” да го поминете во добро здравје, среќа и љубов. Молитвите и постот нека Ви донесат утеха, духовен мир, поттик за добри дела што ги рушат бариерите меѓу луѓето и заедниците. Малите дела на добрина, хуманост и солидарност можат да направат голема разлика, особено во време кога се соочуваме со глобалната пандемија со Ковид-19, посочува Пендаровски во честитката.

Затоа, потенцира, иако малубројна, Еврејската заедница со своите вредности има голем удел во негувањето на човечкото достоинство и заемното почитување во македонското мултиетничко, мултијазично и мултиконфесионално општество.

– На овој празник посакувам и понатаму сплотени да работиме на просперитетот на нашата заедничка татковина Република Северна Македонија и да дејствуваме за нејзин просперитет и напредок. G’mar chatima tova, стои во честитката на претседателот Пендаровски до претседателката на Еврејската заедница, Берта Романо-Николиќ и до сите припадници на Eврејската заедница.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот