Честитка од претседателот Пендаровски по повод Богојавление – Водици

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Богојавление – Водици, упати честитка до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, митрополит Скопски, архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима, г.г. Стефан.

-Имам особено задоволство и чест Вам лично и на членовите на Светиот архиерејски синод, на преподобното монаштво и свештенство, како и на сите православни верници, да ви го честитам големиот христијански празник Богојавление – Водици, и да ви посакам да го поминете во добро здравје, исполнети со радост и со среќа. Годинава, за жал, Богојавление – Водици го празнуваме во несекојдневни околности предизвикани од пандемијата на Ковид-19, која ги загрози нашите животи, здравје, благосостојба, но и предизвика преиспитување на нашите вредности и уверувања. Сепак, и без масовните собири покрај нашите води, како и со сите останати рестрикции согласно со безбедносните протоколи, повторно ќе ја посведочиме светата тајна на крштевањето. Повторно ќе ги наполниме нашите срца со верба, надеж и со љубов, вели Пендаровски.

-Во овие тешки времиња посакувам овој голем празник да ни биде духовна поткрепа за да истраеме во солидарноста, трпението, одговорноста и во грижата за сите наши сограѓани. Нека ни е честит и вековит големиот христијански празник! Бог се јави!, се вели во честитката од шефот на државата Пендаровски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот