Честитка од Џафери по повод 24 Мај – Денот на Свети Кирил и Методиј

фото: МИА

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери упати честитка по повод денешниот празник – 24 Мај, Денот на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј, искажувајќи верба дека дека и патот на нашата земја ќе биде светол како што е и нивното дело.

-Оддавањето достојна почит кон нивниот лик и дело како основоположници на словенската книжевност и писменост е должност и задоволство за секој што ја знае важноста и неопходноста од описменувањето на секој поединец и заедница. Тоа е влог во градењето на здраво општество, напредна држава и сигурна иднина за идните поколенија. Во ова време кога секојдневно се соочуваме со предизвици кои влијаат врз редовноста и квалитетот на образовниот процес, треба да ја имаме пред себе големата слика и јасната визија за тоа каде сакаме и како сакаме да стигнеме до крајната цел, односно со посветен труд и безрезервен ангажман на сите кои се дел од образовниот процес, учениците, просветните работници, образовните институции и се разбира, законодавците. Да создадеме поволни услови и мотивација за секој да го даде најдоброто од себе за најдоброто од сите нас, за иднината на нашата младина и напредокот на Република Северна Македонија, пишува Џафери во честитката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот