Честитка од Џафери по повод Денот на независноста на Венецуела

Претседателот на Собранието Талат Џафери упати честитка по повод  Националниот празник на независноста на Боливарската Република Венецуела, Денот на кој се слави годишнината од донесувањето на Декларацијата за независност од 1811 година, со што земјата стана првата шпанска колонија во Јужна Америка која прогласи независност.

-Нашите две пријателски држави ги поврзува копнежот и стремежот за самостојни и независни држави, засновани на демократски принципи и слободен живот на граѓаните. Легитимитетот на граѓанскиот концепт модерните демократски држави го базираат на суверенитетот на народот, владеењето на правото, правдата, човековите права и слободи и демократијата. Парламентите се дом на граѓаните и душа на државноста. Парламентите се чувари на човековите права и граѓанските слободи, се грижат за нивното почитување и во сите предизвици и можни политички превирања, тие се столбовите на народната власт, се наведува во честитката.

Република Северна Македонија и нејзиното Собрание, и јас како негов претседател, дополнува Џафери, даваме силна поддршка на процесите на демократизација на венецуелското општество, бидејќи само слободно изразената граѓанска волја и демократски избраните државни институции можат да го водат напред секој поединец и секоја држава во целина.

-Во таа насока, во свое лично име упатувам искрени честитки за овој голем национален празник, но и отворена поддршка на реформските процеси во Венецуела, со верба дека демократскиот капацитет на овој силен народ и неговите лидери ќе остават трајни цивилизациски вредности во светската политика, пишува претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот