Честитка на претседателот Пендаровски по повод Божиќ

Фото: МИА

„Сакам на сите православни верници во земјата да им го честитам овој празник, еден од најголемите во христијанството – Денот на Христовото раѓање, и да им посакам овие празнични денови да ги поминат со своите најблиски, со своите семејства во мир, спокој и радост“, рече Пендаровски.

Претседателот на државата Стево Пендаровски денеска упати честитки до сите православни верници во земјата по повод големиот празник Раѓањето христово – Божик.

– Сакам на сите православни верници во земјата да им го честитам овој празник, еден од најголемите во христијанството – Денот на Христовото раѓање, и да им посакам овие празнични денови да ги поминат со своите најблиски, со своите семејства во мир, спокој и радост. Бидејќи се наоѓаме на почеток на нова година, на сите граѓани на нашата земја да им посакам поспокојна, побериќетна, поубава година од минатата. Се надевам дека секој наш личен напредок ќе значи напредок и на целата зеедница и државата во целина. Дај Боже оваа година да слушаме само убави вести и да се среќаваме по убави поводи, рече Пендаровски, кој заедно со сопругата присуствуваше на празничната литургија по повод Божик во црквата „Свети Ѓоргија” во Охрид.

Традиционално како и во секое христијанско семејство во земјата, на Бадник и во семејството Пендаровски се вртеше погачата со паричка, која овојпат му падна токму на претседателот.

– Беше регуларно, не беше наместено, така што останува оваа година заедно со моите најблиски, со моето семејство ќе продолжиме да веруваме во вистинските вредности, со почит кон другите, солидарни кон останатите и да се трудиме да бидеме подобри луѓе, рече Пендаровски.

Претседателот на државата Пендаровски заедно со сопругата Елизабета и синот Огнен вчера ги примија коледарите во претседателската вила „Билјана” во Охрид, кои беа дел од Бадникова поворка што по седми пат се одржа во Охрид. Пендаровски со божиќни пакетчиња ги даруваше коледарчињата кои го посетија за да му ја најават радосната вест за Христовото раѓање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот