Чесите и рекоа „збогум на короната“: Во Прага со забава се простија од вирусот (ФОТО)

Фото: EPA-EFE/MARTIN DIVISEK

Неколку илјади граѓани во Чешка се собраа на Карловиот мост во Прага каде организираа симболична забава со која се простија од Ковид-19.

Учесниците на забавата, одржана во вторник, со себе понесоа храна и пијалоци кои меѓусебно ги делеа.

Фото: EPA-EFE/MARTIN DIVISEK

На забавата не се почитуваше социјалната дистанца, а организаторите рекоа дека прославата е организирана во период кога нема туристи, пренесе Би-би-си.

Учесниците ги забавуваа локални музичари и улични свирачи.

Фото: EPA-EFE/MARTIN DIVISEK

Организаторите рекоа дека со прославата дакале да го одбележат крајот на кризата настаната поради пандемијата со коронавирусот и дека сакале да покажат дека луѓето не треба да се плашат да се состануваат.

Во Чешка досега со коронавирус се заразени околу 12.000 лица, а 350 починаа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот