Чесите го дигнаа гласот против УЕФА за „случајот Кудела“!
Слободен печат
Пред
epa09135280 (FILE) - Glen Kamara (2-L) of Rangers argues with Ondrej Kudela (R) of Prague during the UEFA Europa League round of 16, second leg soccer match between Glasgow Rangers and Slavia Prague in Glasgow, Britain, 18 March 2021 (re-issued on 14 April 2021). Slavia Prague's Ondrej Kudela has been banned by the UEFA for 10 matches for 'racist behaviour' towards Glasgow Rangers player Glen Kamara, European football's governing body UEFA confirmed on 14 April 2021. EPA-EFE/Andrew Milligan / POOL
Владимир Минар, кој е на чело на канцеларијата на чешкиот претседател Милош Земан, во писмото до дисциплинското тело на УЕФА рече дека забраната на Кудела е непропорционално висока во споредба со оние за играчите на Ренџерс.
Кабинетот на претседателот на Чешка денеска ја осуди одлуката на Европската фудбалска унија (УЕФА) за забрана за игра на фудбалерот на Славија од Прага, Ондреј Кудела, од 10 натпревари.
Кудела беше казнет во средата затоа што го навредил на расна основа фудбалерот на шкотскиот тим Глен Камара на мечот од осминафиналето во Лигата на Европа против Ренџерс од Глазгов.
– Одлучивте да казните играч кој не повредил никого, но само вербално, според него, го навредил неговиот ривал. Вие казнувате пристојна личност без никакви докази – стои во писмото.
Кундела призна дека го навредувал Камара, но не поради расна основа, иако друг играч на Ренџерс потврдил дека ги слушнал навредите што ги пријавил Камара.
Минар ја обвини УЕФА за донесување пресуда со цел „да задоволи група активисти и клуб што не може да победи на теренот“ и посочи дека таа казна ги обедини чешките навивачи.
Дефанзивниот играч на Славија ќе ги пропушти и натпреварите на Европското првенство, бидејќи казната се однесува и на репрезентативните настапи. Казната за неиграње на 10 натпревари е најблага казна за такво дело според Дисциплинските правила на УЕФА.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не.
Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат.
Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.
ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
Движењето ЗНАМ денешните избори ги оценува како „делумно фер и демократски“, и покрај тоа што изборниот ден беше релативно мирен. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Портпаролот на партијата Никола Мемов изјави дека оваа оценка се должи на две причини. Прво, и покрај тоа што Изборниот законик предвидуваше медиумско претставување на политичките претставници, сепак …
Денеска се емитува деветтата епизода од втората сезона на поткастот на „Слободен печат”. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Наш денешен гостин е наградуваниот македонски автомобилист Бранко Кипровски. Тој ни раскажува за состојбата со автомобилизмот во земјава, бројните трки во Англија, наградите и животот во Лондон. Кипровски ни раскажува и за неговото минато, како …