ЧЕСИТЕ БАРААТ ОСТАВКА ОД ПРЕМИЕРОТ: Одржани најголемите протести од падот на комунизмот (ВИДЕО)

Повеќе од 120.000 луѓе денеска се собраа на плоштадот во Прага на протести против премиерот Андреј Бабиш.

Станува збор за најголемите протести во оваа земја уште од падот на комунизмот во 1989 година, информира „Би-Би-Си“.

Протестите се организирани од милионска граѓанска иницијатива за продолжување на демонстрациите кои се одржуваат секоја недела од крајот на април.

Организаторите бараат оставка на премиерот Бабиш, ко је обвинет за проневера на пари од европските фондови.

Демонстрантите бараат оставка и од министерката за правда Марија Бенешова.

Како што информираат чешките медиуми, демонстранти денеска во Прага пристигнале од целата земја, односно од повеќе од 1.500 градови и села во Чешка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот