Чешкиот претседател Земан замина дома по повеќе од шест недели во болница

Милош Земан / Фото: EPA-EFE/MARTIN DIVISEK

 Чешкиот претседател Милош Земан денеска е отпуштен од воената болница во Прага во која мина повеќе од шест недели, соопшти здравствената установа, пренесуваат британските медиуми.

Земан (77) на 10 октомври итно беше пренесен на Одделот за интензивна нега во воената болница поради сериозно нарушеното здравје.

Тој беше хоспитализиран ден по парламентарните избори на кои неговиот сојузник, премиерот Андреј Бабиш, беше поразен од опозицијата, која освои мнозинство во Долниот дом и планира да формира нова влада.

Лидерот на опозициската десница Петер Фијала најави дека Земан утре ќе му додели мандат за состав на новата влада.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот