Чешкиот претседател Земан има цироза на црниот дроб

Милош Земан / Фото: EPA-EFE/MARTIN DIVISEK

Чешкиот претседател Милош Земан боледува од цироза на црниот дроб, изјави пред новинарите хирургот Павел Пафко од медицинскиот конзилиум, кој ја следи здравствената состојба на шефот на државата.

– Господинот претседател има хронично заболување на црниот дроб. Конкретно, цироза на црниот дроб. Оваа болест се карактеризира со тоа што може да се развива многу години без симптоми или со минимални симптоми, објасни хирургот.

Според Пафко, кој своевремено го оперирал првиот чешки претседател Вацлав Хавел, во стомакот на Земан била ставена цевка за хранење.

– Колку долго таа ќе остане таму, меѓу другото, зависи и од тоа колку претседателот строго ќе се придржува кон диетата која му ја препишале лекарите, објасни Пафко.

Тој додаде дека е премногу рано да се зборува за отпуштањето на Земан од Централната воена болница (ЦБМ), што може да потрае три до четири недели.

Земан вчера телефонски разговараше со се уште актуелниот премиер Андреј Бабиш, а денеска планира да контактира со Петр Фиала, кандидат за премиер од коалицијата „Заедно” на неколку либерални партии, кој победи на парламентарните избори. Првата седница на новиот парламентарен состав е закажана за 8 ноември.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот