Чешкиот претседател го повтори ставот од пред две години: Признавањето на Косово е грешка

Милош Земан / Фото: EPA-EFE/MARTIN DIVISEK

Чешкиот претседател Милош Земан вели дека и понатаму верува дека признавањето на независноста на Косово е грешка.

Тој тоа го напоменал и за време на својата посета на Белград во септември 2019 година, истакнува Земан.

„После многу години поминати во политиката, познат сум како личност која е доследна во своите ставови. И понатаму верувам дека признавањето на независноста на Косово е грешка, а тоа го напоменав и за време на својата посета на Белград во септември 2019 година. За ова прашање разговарав со највисоките уставни функционери на својата земја, меѓутоа, тие не се сложија со мене, а бидејќи живееме во доба на демократија, морам да го почитувам мислењето на мнозинството“, објаснува тој.

Земан пред две години беше во Белград, а годинава е домаќин на српскиот претседател Александар Вучиќ.

Извор: Б92

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот