Чешки медиум: Рама како Груевски, размислува каде да бара азил

фото: Тelegraf.al

Transitions Online“, еден од медиумите создадени по падот на комунизмот со седиште во Чешка и со фокус на Источна Европа, известува за кризата во Албанија, велејќи дека земјата ја очекува жешка ситуација, пренесува „Телеграф.ал“.

Главниот уредник на ова издание, Ки Краутамер, пишува дека изгледа како сценарио на она што се случи во Македонија.

Бранот на штетните прислушкувања би можело да предизвика Еди Рама да се прашува себеси дали ќе заврши како поранешениот премиер на Северна Македонија, Никола Груевски, чија Влада се урна кога опозицијата откри прислушкувања на високи функционери кои зборуваа за местење на избори за да се одржи на власт една деценија автократот Груевски.

Скандалот во Албанија избувна на 5 јуни, кога германскиот таблоид „Билд“ објави разговори на владините претставници и членовите на Социјалистичката партија со криминални фигури во Драч, вториот град по големина во земјата.

„Билд“ објави шест телефонски разговори, наводно, снимени од страна на полицијата во 2017 година за време на истрага на банда која тргувала со дрога.

Прислушувањето покажа дека „криминалниот клан Авдилај беше длабоко вмешан во купувањето гласови и заканите на гласачите во име и во тесна соработка со претставниците на Социјалистичката партија, пред парламентарните избори на истата година“, напиша „Билд“, наведува меѓу другото чешкиот медиум.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот