Чешката полиција објави фотографија од напаѓачот кој уби шест лица во Острава

Фото: Скајњуз

Чешката полиција објави фотографија од напаѓачот кој денеска уби шест лица во чекална во болница во Острава во североисточниот дел на Чешка.

Полицијата на Твитер објави фотографија од осомничениот, кој не е именуван. Тој носел црвена јакна.

Засега нема индикации што би можел да биде мотивот за нападот.

Премиерот на Чешка Андреј Бабиш изјави дека пукањето се случило во чекалната на Универзитетската болница, додека бројот на жртвите го потврди министерот за здравство Адам Војтјех.

Пукањето се случило кусо време по седум часот по локално време, изјави министерот за внатрешни работи Јан Хамачек кој, заедно со премиерот Бабиш, се упати кон Острава, 350 километри источно од Прага.

Директорот на болницата за чешката телевизија изјави дека бројот на загинати може да биде поголем.

Би-Би-Си јави дека целата болница е евакуирана и оти пукањето се случило на клиниката за трауматологија.

На лице место пристигнале и специјални единици на полицијата. Чешката полиција по инцидентот ги зајакнала безбедносните мерки во целата земја.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот