Чешка заплени околу 700.000 заштитни маски: „Полицијата се бори со профитерите“

маски
Фото: МИА

Чешките власти запленија околу 700.000 заштитни маски потребни за борба со коронавирусот од фирма што почнала да бара поголема цена за нив, изјави министерот за внатрешни работ Јан Хамачек.

Во Чешка се пријавени 434 случаи со коронавирус и земјата се соочува со недостаток на маски и респиратори, поради што граѓаните организираа производство од дома.

– Полицијата се бори со профитерите – напиша Хамчек на својот Твитер профил.

Фирмата требаше да достави маски за здравствените работници, но во последен момент одлучи да ја покачи цената, додава Хамчек.

Хамчек и премиерот на Чешка, Андреја Бабиша, се извинија што надлежните не обезбедиле доволно заштитна опрема, особено за здравствените работници кои се во контакт со потенцијално заразени лица со коронавирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот