Чешка воведе мерки за надзор: Се следат податоците на заразените, а по шест часа се бришат од системот

Фото: EPA-EFE/ERDEM SAHIN

Чешка ќе започне со тестирање на нов систем за карантин, таканаречен „паметен карантински систем“, за да го следи движењето на заболените од новиот коронавирус во Јужна Моравија.

Системот за следење, за кој е потребна согласност, ќе користи податоци од мобилни телефони и платежни картички кај кои е регистриран вирусот, за да ги пронајдат сите луѓе со кои заразените во претходните пет дена комуницирале и кои можеби се заразени, пренесува порталот „Прага морнинг“.

Потоа, здравствените власти ќе работат на идентификација на поединците кои регистрираниот пациент евентуално ги заразил, за потоа да бидат контактирани и ставени во карантин.

Како што се наведува, податоците остануваат во системот најмногу шест часа, а потоа се бришат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот