Чешка размислува за воведување највисок степен на епидемиолошка закана

Туристка со заштитна маска во Прага/ Фото: EPA-EFE/MARTIN DIVISEK

Чешката Влада утре ќе разгледува преминување на највисоко ниво на опасност од епидемијата, што би овозможило воведување ограничувања на движењето и затворање на несуштинските продавници, изјави министерот за внатрешни работи Јан Хамчек.

Според него, ќе се разгледа преминот од четвртиот во петтиот, највисок степен на епидемиолошка закана, што ќе овозможи напуштање на куќата да биде дозволено само за итни потреби.

– Епидемиолошката состојба во Чешка се влошува и мора да одговориме на тоа. Веројатно постојните ограничувања ќе бидат засилени, рече Хамчек.

Во Чешка од петокот се затворени музеи, фитнес центри, спортски објекти и спортски сали, а рестораните можат да продаваат храна само преку шалтер.

Досега во таа земја со коронавирус биле заразени 618.836 лица, а починаа 10.271.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот