Чешка побарала од државите од ЕУ да протераат по еден дипломат на Русија

Фото: EPA-EFE/JOHANNA GERON / POOL

На неформалниот самит во Португалија, чешкиот премиер Андреј Бабиш побара од земјите членки на Европската унија да протераат по еден руски дипломат во знак на солидарност со Чешката Република во нејзината дипломатска војна со Русија.

– Ние секогаш мора да претпоставиме дека кога е нападната една земја-членка, всушност, сите ќе бидат нападнати. Исто така, ги замолив да размислат за протерување по еден дипломат одеднаш. На следниот самит ќе видиме како ќе реагираат – изјави Бабиш пред чешките новинари во Порто.

На следниот самит на ЕУ на крајот на мај на дневен ред е аферата за експлозијата на муниција во магацини во Врбјетице на југот на Чешка во 2014 година, за што, благодарение на новите докази од полицијата и разузнавачките служби, чешките власти се сомневаат на руски агенти на ГРУ, истите двајца кои беа осомничени за труење на поранешниот руски агент Сергеј Скрипал во Солсбери во 2018 година.

Бабиш, синоќа, на вечера на премиерите и претседателите на земјите од ЕУ, започна дебата за аферата со чешко-руската дипломатска војна и рече дека германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон биле вклучени.

На 17 април Чешка протера 18 руски дипломати поради Врбјетица, а Русија возврати со протерање 20 чешки дипломати.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот