Чешка по стапките на Унгарија: Претседателот Земан побара вакцини против ковид-19 од Кина

Милош Земан/ Фото: EPA-EFE/KOCA SULEJMANOVIC

Претседателот на Чешка, Милош Земан вчера разговараше со кинескиот претседател Си Џинпинг за испорака на вакцини против ковид-19, објавија денеска чешките медиуми. Според соопштението на Амбасадата на Чешка во Пекинг, Кина одлучила „веднаш да одговори” на барањето.

Земан слична молба упати и до Русија за достава на вакцината „Спутник V“.

Досега само Унгарија од земјите-членки на Европска Унија (ЕУ) го имунизира населението со кинеската вакцина на „Синофарм“.

Од почетокот на пандемијата во Чешка, држава со 10,7 милиони жители, со ковид-19 се инфицирале речиси 1,3 милиони луѓе и регистрирани се над 20.900 смртни случаи.

Во Чешка досега граѓаните примиле 702.000 дози вакцини на „Фајзер“/„БајонТек“, на „Модерна“ и на „АстраЗенека“.

Чешка и Словачка, каде е зголемен бројот на новозаразени, ќе добијат дополнителни дози вакцина на „Фајзер“/„БајонТек“ од своите партнери во ЕУ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот