Чешка одобри на своја територија да обучува 4.000 украински војници

Чешка Влада / Фото: Архивв

Горниот дом на чешкиот Парламент ја потврди одлуката на Долниот дом за обука на 4.000 украински војници во Чешка, односно нивна обука на тлото на другите членки на Европската унија, во која можат да учествуваат до 50 чешки војници.

По одобрување од Долниот дом, во четвртокот Сенатот го ратификуваше и законскиот предлог со кој се дозволува обука на 4.000 украински војници на полигонот во Либава, објави Радио Прага Интернешнал.

Четиринеделната обука во пет ротации ќе започне во 2023 година и во секоја ќе учествуваат до 800 украински војници.

Парламентот, исто така, го ратификуваше распоредувањето до 55 чешки војници кои ќе ги обучуваат украинските сили на тлото на другите членки на ЕУ.

За мисијата гласаа 67 од 70 присутни сенатори во четвртокот, а на гласањето му претходеше остра дискусија со обвинувања за проруска пропаганда.

Се проценува дека учеството ќе ја чини Чешка околу 975 милиони круни, а дел од парите би можеле да бидат вратени од ЕУ преку програмата за воена помош на ЕУ за поддршка на Украина.

Парламентот, исто така, го одобри мандатот за две други мисии во странство, до 40 војници во Косово и продолжување на мисијата во Ирак

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот