21.8 C
Скопје

Чешка од 1 јуни почнува со вакцинација на сите граѓани постари од 16 години

Чешкиот премиер Андреј Бабиш изјави дека Чешка сака да почне регистрација на лица над 16 години за вакцинација против ковид-19 најдоцна до 1 јуни.

Доколку вакцинацијата се одвива според планот, старосната граница секоја недела може да се намали за пет години, рече Бабиш.

Во моментов, во Чешка можат да се вакцинираат постари од 55 години, како и помлади лица со хронични болести, додека пријавувањето за оние на возраст од 50 до 54 години почнува во среда.

Чешка, земја со 10,7 милиони жители, неодамна го помина прагот на еден милион луѓе кои примиле две дози на вакцина против ковид-19, а 2,17 милиони примиле прва доза.

Во Чешка има околу 690.000 лица во возрасна група меѓу 50 и 54 години.

Во меѓувреме, во земјата продолжува да паѓа бројот на новозаразени. Според податоците од саботата, минатата недела бројот на новозаразени на 100.000 жители се намалил на 137. Од почетокот на пандемијата од ковид-19 во Чешка починале 29.343 луѓе.

Поврзани вести

Над 60 отсто од новите случаи на Ковид-19 во Лисабон се од индискиот сој

Слободен печат

ВИДЕО | И покрај забраната, на Стоунхенџ се собраа стотици ентузијасти

Слободен печат

Царовска: Истражни органи треба да утврдат како се правеле набавките на учебници

Слободен печат

Израелската војска успешно тестирала противавионски ласер

Слободен печат

ГАЛЕРИЈА: Радовиш го зафати силно невреме, откорнати се неколку дрвја

Слободен печат

Невреме во Струмица: Oткорнати дрвја и урнат електричен столб

Слободен печат

Остави Коментар