Чешка: Неопходните здравствени работници, иако позитивни на ковид, ќе можат да продолжат да работат

Фото / EPA-EFE/MARTIN DIVISEK

Чешката Влада ќе дозволи асимптоматските здравствени работници и персоналот за социјална заштита за кои е потврдено дека се заразени со коронавирус да продолжат да работат, соопшти Министерството за здравство.

Новите правила се помалку амбициозни отколку што претходно беше предложено од владата, која рече дека составува поширок список на критичен персонал, вклучувајќи ги службите за итни случаи, полицијата и работниците од енергетската индустрија кои би можеле да бидат вклучени во програмата.

Чешкиот потег е најновото олеснување на мерките во Европа. Европските земји се обидуваат да најдат начин да го одржат работењето на службите, во моменти кога брзо се шири заразната варијанта омикрон.

Министерот за здравство Властимил Валек појасни пред новинарите дека владата се надева дека ќе успее да се справи со бранот омикрон инфекции, кој е одговорен за повеќе од 10.000 новозаразени дневно.

– Оние кои треба да продолжат да работат ќе можат само да одат на работа и да се вратат дома. Ќе мора да носат маски и да јадат во посебни простории, рече министерот, додавајќи дека со новите мерки ќе бидат опфатени неколку стотици работници, а ќе се применуваат само по потреба.

– Ќе бидат поставени мерки на начин да се обезбеди нула ризик од инфицирање на работниот колектив, рече тој.

Владата веќе нареди тестирање во училиштата од понеделник, а работниците ќе мора да се тестираат двапати неделно. Валек предвидува дека ќе има до 20 000 инфекции дневно до почетокот на следната недела, а можеби и до 50 000 до крајот на истата недела.

Валек повтори дека стратегијата на владата е да го забави ширењето на омикрон меѓу населението и да избегне колапс на болниците.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот