Чешка нема да им дава хуманитарни визи на Русите кои бегаат од мобилизација

Чешка нема да им издава хуманитарни визи за Русите кои бегаат од делумната мобилизација што вчера ја најави рускиот претседател Владимир Путин.

„Разбирам дека Русите бегаат од сè поочајните одлуки донесени од Путин. Но, оние кои бегаат од својата земја затоа што не сакаат да ја исполнат обврската што им е наметната од сопствената земја, не ги исполнуваат критериумите за добивање хуманитарна виза”, изјави чешкиот министер за надворешни работи Јан Липавски.

Со таквиот став Чешка зазема поинаква позиција споредбено со другите земји-членки на ЕУ, особено со Германија.

Чешка престана да издава визи за Русите по руската инвазија на Украина, но потоа почна да прави исклучоци од хуманитарни причини.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот