Чешка: Како поддршка на украинската контраофанзива, може да обезбедиме неколку борбени авиони

Борбени авиони / Фото: Профимедиа

Чешката Република може да и обезбеди на Украина неколку борбени авиони Ел-159 како поддршка на планираната украинска контраофанзива, изјави денеска чешкиот претседател Петр Павел.

Прага е меѓу најверните сојузници на Киев од почетокот на руската инвазија минатиот февруари, обезбедувајќи воена опрема вредна милијарди долари, од муниција до тенкови.

Борбениот авион Ел-159 од чешко производство е лесен суперсоничен борбен авион дизајниран за воздушна поддршка на копнените трупи, извидување и делумно и за воздушни борбени мисии.

„Вреди да се размисли дали можеме да и ги обезбедиме на Украина нашите борбени авиони Ел-159“, рече Павел во интервју за државното радио.

„Како авиони за директна борбена поддршка исто така можат да и помогнат на Украина во значителна мера да ја спроведе својата контраофанзива“, рече чешкиот претседател.

Сепак, секоја одлука за снабдување со оружје на Киев мора однапред да биде одобрена од чешката влада

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот