Чешка и Словачка забранија влез за невакцинираните во угостителските објекти

Лицата кои не се вакцинирани, а немаат деказ дека неодамна прележале Ковид-19, од денеска не можат да влезат во угостителски објекти и јавни служби во Чешка и во Словачка/ Фото: ЕПА

Лицата кои не се вакцинирани, а немаат деказ дека неодамна прележале Ковид-19, од денеска не можат да влезат во угостителски објекти и јавни служби во Чешка и во Словачка.

Одлуката е донесена откако во овие две земји е забележан пораст на бројот заразени и хоспитализирани. Двете земји ги усвоија мерките минатата недела, а соседна Австрија во понеделникот воведе заклучување за сите жители.

Чешката влада ги прати војниците на помош во болниците, во кои има 700 болни на интензивните оддели. Подоцна денеска владата ќе расправа за можно воведување вонредна состојба со што би им се овозможило на студентите по медицина да помагаат во болниците.

Во Чешка, наскоро треба да се формира нова влада, откако партијата на премиерот во заминување Андреј Бабиш беше поразена на изборите во октомври. Бабиш порача дека Чешка нема да воведе карантин, додека претставниците на победничката коалиција, исто така, зборуваа против карантин и затворање на училиштата.

Во големи делови на Словачка со одлука на владата, рестораните можат да служат храна само на терасите, а невакцинираните не можат да одат во ресторани.

Владите со рестрикции сакаат да го зголемат бројот на вакцинирани. Околу 60 отсто од Чесите примиле најмалку една доза на вакцина против ковид-19, додека 46,8 отсто од Словаците се вакцинирани против ковид-19, а помалку вакцинирани отколку во Словачка се само во Романија и Бугарија од земјите на ЕУ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот