Чешка ги затвора границите за странците во обид да ја држи контрола врз епидемијата

Фото: EPA-EFE/MARTIN DIVISEK

Од денеска речиси ниту еден странец нема да може да влезе во Чешка која се обидува да ги стави под контрола ширењето на коронавирус, рекоа властите за ДПА.

Не се планира поставување на контролни пунктови на граничните премини, но полицајците ќе спроведуваат случајни проверки за да се обезбеди почитувањето на прописите, потврди за ДПА полицијата во Прага.

„Сакаме да ги знаеме причините за патувањата“, рече портпаролот на полицијата. Патувањата поради шопинг не доаѓаат во предвид.

Од сабота во Чешка ќе може да се влезат само оние на кои тоа навистина им е нужно. Исклучоци се службени патувања, нужни семејни посети, погреби и неодложни состаноци со властите, се наведува во владината одлука.

 Од друга страна, можно е излегување од Чешка.

Владата на премиерот Андреј Бабиш изрази загриженост поради ширењето на новите соеви коронавирус.

Чешките власти во саботата потврдија нови 8.010 случаи на коронавирус. Во Чешка од почетокот на пандемијата потврдени се повеќе од 980.000 случаи на зараза.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот